Обуки за оператори на Национална линија за советување за позитивно родителство

Во рамки на Проектот поддржан од УНИЦЕФ за воспоставување Национална линија за советување за позитивно родителство, Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство спроведе две обуки за селекција и обука на оператор(к)и кои ќе работат на линијата за советување на родители.

Првата обука се одржа 23-24 ноемрви 2018 година во хотел Порта, Скопје. На оваа обука кандидат(к)ите за оператор(к)и беа запознаени со тоа што претставува позитивното родителство, воспитни стилови, предизвици во позитивно родителство кај деца и адолесценти, комуникациски вештини на оператор(к)ите како и пристап во работа со деца жртви на насилство. Целта на оваа обука беше да се селектираат кандидат(к)и во потесен круг кои ќе продолжат на наредната обука.  Тренери на обуката беа психолозите: Александра Прошева, Деспина Стојановска и Марија Стефановска.

Втората обука се одржа 7-9 декември 2018 година во хотел Романтик, Велес. На оваа обука избраните кандидат(к)и имаа можност да ги зголемат и продлабочат знаењата за одвивање на целиот процес на комуникација по телефон, принципите на телефонското советување како и можност за практичи вежби. На обуката беше презентиран и Прирачникот за позитивно родителство. Тренери на обуката: Александра Прошева, Деспина Стојановска, Снежана Мишевска и Невена Петровска. На обуката беа презентирани и коментирани изработените документи за работа на Националната линија. Учесниците ги споделија своите предлози за дополнување на документите. Ангажираните експертки по завршување на обуката ги финализираа Правилникот и Програмата за работа на Националната линија за позитивно родителство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости