Трето Собрание на Националната Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство

Третото Собрание на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство беше одржано на 08.10.2014 (среда) во Скопје. На состанокот беа присутни 11 членки на мрежата.

Собранието го отвори претседателката Санела Шкриељ со дефинирање на точките за дискусија и агендата за работа. Според дневниот ред беа дискутирани следниве точки: Преглед на активностите на мрежата во 2013/2014 година (финансиски и наративен извештај); Претставување на новиот проект на мрежата; Избор на членови на УО; Избор на членови на надзорна комисија; Редовност во плаќањето чланарина и разно.

Под точката Разно се разгледуваше можноста за заедничко спроведување на глобалната кампањата „16 дена“ активизам, неколку членки се пријавија за учество и се договори формирање на работна група која ќе даде предлози и концепт за спроведување  на кампањата на национално ниво т.е. во сите градови во кои членките организации делуваат.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости