10.07.2019: Вмрежување на женските граѓански организации во Македонија

Во периодот од 1 до 4- ти Јули 2019 година во организација на Фондацијата Квина тил Квина и Организацијата на жени од Свети Николе беше организиран мрежен состанок за женски граѓански организации кои делуваат на територијата на Република Северна Македонија во хотел ,,Изгрев“ Струга. Состанокот имаше за цел да се запознаат организациите меѓусебно, да се споделат активностите на кои работат тековно, перцепциите за женското движење и состојбата со женските права  во Државата. На истиот се разговараше и се разменуваа мислења и идеи за јакнењето на организациските капацитети, зајакнување на женското движење преку заедничкото делување на женските организации кое вклучува застапување пред надлежните институции и креирање на политики за достигнување на родовата рамноправност. Дополнително беше раговарано и за начините на зголемување на протокот на информации, споделување на активности и акции кои се имплементирата на национаално и локално ниво. Исто така се разговараше за феминизмот и феминистичкиот идентитет, демистификација и инкорпорација во креирањето на политиките и алатките за застапување пред надлежните институции. На состанокот посебно внимание се обрна и на моменталното anti-gender движење кое зазема се поголем замав во Европа, а и пошироко. На мрежниот состанок беше презентирана и направената проценка за состојбата во Државата со женските граѓански организации и жени активистки во период 2018-2019, подготвена од страна на г-ѓа Билјана Бејкова и г-ѓа Кристина Хаџи-Василева, а подржано од Фондацијата Квина тил Квина. Целта на  проценката е да се добие една појасна слика со што се соочуваат и кои се предизвиците на женските граѓански организации, нивните стратешките насоки и активности, како и да се добијат нови идее за подобрување на женското движење во Македонија.

Сподели

Со поддршка од