Каде се парите за правата на жените? – трендови во финансирањето во Западен Балкан

Ова е тема на дискусија во новиот Извештај за трендовите на финансирање на женските граѓански организации во Западен Балкан.

ЕУ и другите донатори се посветени на унапредување на родовата еднаквост во Западен Балкан, но потребите на женските граѓански организации не се исполнети.

Истражувањето е спроведено во 2019 година во шест земји од Западен Балкан, од страна на осум женски организации (меѓу кои и Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство), предводени од Мрежа на жени на Косово/ Kosova Women’s Network, а поддржани од The Kvinna till Kvinna Foundation. Toa вклучува интервјуа со 71 финансиер и 241 различни граѓански организации.

Извештајот беше лансиран и дискутиран на јавен интернет настан, меѓу повеќе од 100 присутни на 9 јуни, каде нашата извршна директорка Елена Димушевска сподели некои од достигнувањата на женските граѓански организации во Северна Македонија. Некои од нив вклучуваат ратификација на Истанбулската конвенција во 2017 година и усвојување на новиот Закон за абортус во 2019 година. Таа, исто така, истакна дека женските граѓански организации играат клучна улога во оперативниот контекст на специјализираните услуги за жени жртви на семејно и родово засновано насилство.

Преземете и прочитајте го денес!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во