Презентација на студија за насилство врз деца

На 10.05.2018 г. , во хотел Холидеј ин, беше одржана презентација на студијата за проценка на институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување, упатување и заштита на деца од насилство, изработена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во соработка со УНИЦЕФ.

На презентацијата воведни обраќања имаа Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, Министерот за здравство Венко Филипче, Министерката за образование и наука Рената Дескоска, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Раководителот на секторот за соработка при Делегацијата на Европската унија Никола Бертолини и Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс. Наодите и препораките од спроведената студија беа презентирани од страна на проф. д-р Стивен Џејмс Минтон, меѓународен експерт и Елена Димушевска, национален експерт.

Целта на студијата е подобро да се разбере обемот на проблемот со насилство врз децата, да се утврдат системските пропусти на ниво на создавање политики и програми и нивно спроведување и да се дадат препораки кои ќе помогнат за долгорочно планирање за превенција и заштита на децата од насилство.

Спроведувањето на студијата беше финансиски поддржано од Европската Унија, а кофинансирано од УНИЦЕФ, во рамките на регионалниот проект за заштита на децата од насилство и инклузија на децата со попреченост.

Студијата може да ја најдете тука.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во