10.03.2020: За прв пат во Западен Балкан се отвори куќа за отворено домување за жени жртви на семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денес ги отвори вратите на куќата за отворен тип на домување за жени жртви на насилство. Од почетокот на овој месец Мрежата, финансиски поддржана од Град Скопје, започна со пилотирање на услуга која е прва од ваков вид во Западен Балкан. Главна цел на проектот е рехабилитација и реинтеграција на жени жртви на семејно насилство кои ја напуштиле насилната средина и нивно целосно јакнење за самостоен живот. Со низа предвидени активности и во ситуација на задоволени егзистенцијални потреби корисничките и нивните деца ќе бидат подготвени полесно да се соочат со нови предизвици, надвор од насилната средина и без ризик од бездомништво.

Конкретно, со услугата ќе се обезбеди отворено или транзитно домување од моментот кога тие ќе ја напуштат насилната средина се додека жртвата не биде целосно интегрирана во општествениот живот. Исто така, ќе биде обезбедена психолошка поддршка и советување, како и помош при вработување преку унапредување на работните вештини и образованието.

Овој модел на домување ќе се спроведува со директна поддршка од социјална работничка и ќе пружа социјални услуги и советување за остварување на социјалните права. Ќе врши поврзување со други специјализирани сервиси за жени жртви на насилство и помош за остварување општи услуги од областа на социјална, здравствена и детска заштита. Предвидена е и индивидуална програма за реинтеграција и рехабилитација на жртвите што ќе живеат во куќата за домување која ќе се спроведува преку индивидуален пристап за секоја жена жртва.

Со ваков вид на помош, жртвите ќе можат полесно да ги надминат траумите од преживеаното насилство, да се подготват за самостоен живот, целосно да го избегнат ризикот од враќање во насилната средина и да не западнат во нова насилна врска.    

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во