10.03.2018: Изјава на Елена Димушевска за нападот на полицајката во Скопје

Националната мрежа не излезе со став за настанот со полицајката затоа што не бевме во можност да дојдеме до вистински информации. Имено, преку објавите во порталите се раскажаа неколку верзии од настанот, дури една од првите објави што јас ги прочитав беше „ здроби полицајка од тепање кај Бит Пазар, таа е во болница, МВР не го приведува“ и слично. Ние како граѓански организации не сме во можност да ја провериме вистинитоста на сите објави и да заклучиме која е точната верзија за да можеме да реагираме. Поради тоа апелираме до сите медиуми внимателно да ги одбираат зборовите особено кога информираат за настани поврзани со насилство и да се осигураат дека пренесуваат точни информации без при тоа да трошат енергија на креирање наслови кои само ќе привлечат поголем број на читатели.

Во однос на изјавата на полицајката, верувам дека како и секој друг униформиран службеник/чка, прифаќајки да ја работи таа професија е спремна дека секојдневно ќе се соочува со агресивни и насилни лица, а нејзина должност е да се справи на професионален начин. Во нејзината изјава таа посочи дека немало физички напад , туку само вербална расправија и доколку таа смета дека соодветно се справила, ние не сме тие кои што можеме да го кажуваме спротивното.

Но, доколку била подложена на закани и притисок да ја даде таа изјава, ја охрабруваме да го пријави случајот, а ние како мрежа на организации кои работат на проблемот на насилство врз жени ќе ја дадеме потребната поддршка за таа да ја добие соодветната заштита, а сторителот соодветно да биде санкциониран.

Во однос на реакциите од јавноста само ќе искоментирам дека истите тие ја покажуваат (не)сензибилноста на општеството кон жртвите на насилство и тенденцијата да се бара вината кај нив, а не кај сторителите. Она што требаше да биде реакција на јавноста е осуда на сторителот и поддршка за полицајката да го пријави случајот. Наместо тоа, имаше исмејување, понижување, односно истите коментари кои ги читавме и додека траеше иницијативата #СегаКажувам, а чиј фокус беше сексуалното вознемирување како форма на родово базирано насилство.

Она што сакам да го истакнам е дека во Македонија не се препознава вербалното и психичкото насилство од страна на жртвите, па затоа многу често и останува непријавено. Сакам да потенцирам дека секој говор кој содржи навреда, омаловажување, забрана, закана и предизвикува чувство на загрозеност и несигурност за физичката безбедност на индивидуата претставува вербално/психичко насилство и мора да се пријави, а одговорните институции мора да реагираат и да ја заштитат жртвата. Се надевам дека сега, по ратификацијата на Истанбулската Конвенција, државата ќе ја сфати сериозноста на проблемот на насилство врз жените и ќе посвети должно внимание кон заштита на жртвите и гонење на сторителите.

Ја поздравувам одлуката на Јавното обвинителство да отвори случај за конкретниот настан и да истражи што точно се случило и од нивна страна очекуваме известување за понатамошно постапување.

*Изјавата во скратена верзија беше објавена на: Макфакс, НоваТВ, Кајгана и Точка.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во