09.12.2017: Работна средба со членките на Мрежата и Претседателките на женските форуми на политичките партии

Националната мрежа од 07 до 09.12.2017 организираше работна средба со претставнички на организациите – членки на Мрежата и Претседателките на женските форуми од политичките партии во Р. Македонија.

Целта на работната средба беше заедничка работа на стратешкото планирање на активностите на Мрежата и планирање на активностите на понатамошна соработка со жените-политичарки, Претседателки и членки на женските форуми на политичките партии во насока на подобрување на заштитата на жените од родово базирано и домашно насилство.

Од средбата произлегоа заклучоци и идеи за поефикасно делување на Мрежата во текот на годината и поуспешна имплементација на предвидените активности.

Агендата од настанот може да ја најдете овде.

Сподели

Со поддршка од