Одржана работилница „Што предвидува новиот Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство“

На 9-ти декември 2016 година, во зградата на Сојуз на Синдикати на РМ, Скопје се одржа работилница на тема: „Што предвидува новиот Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство“ во рамки на кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените.

Настанот беше организиран од страна на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во партнертство со Секцијата на жени при Македонскиот Полициски Синдикат и Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија.

На настанот обраќања имаа: Билјана Чадиковска Тунтева од Секција на жени при Македонски Полициски Синдикат која даде вовед во работилницата, Елена Димушевска, Извршна директорка, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, која говореше за состојбата во државата во однос на заштита од семејно насилство. За привремените мерки за заштита и улогата на полицијата во заштитата на жртвите на семејно насилство презентација имаше Игор Јадровски правен советник од Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија. Втората сесија од работилницата беше предвидена за презентирање на предизвиците во обезбедување на заштитата на жртвите од аспект на полициското работење. Преку свои излагања за практичното работење Билјана Јеремиќ и Јулијана Станчева од Единицата за насилен криминал, Одделение за семејно насилство, СВР Скопје, го објаснија начинот на работа на одделението преку конкретни примери на постапување.

Настанот бешедел од активностите во рамки на проектот „Спречување на насилството врз жените во согласност со ЕУ стандардите“ чија цел е воспоставување на ефективна законска рамка и систем за заштита и подршка на жените од сите форми на насилство во согласност со Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството брз жените и домашното насилство (Истанбулска Конвенција), финансиран од Квина тил Квина.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости