09.12.2015: Работилница „Женското движење во Република Македонија“

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Платформата за родова еднаквост организираа работилница „Женското движење во Република Македонија“ која се одржи на 09 декември, 2015 година со почеток во 12:30 часот во Сити Парк Хотел, Скопје.

На работилницата присуствуваа претставници од организации членки на Националната мрежа и Платформата. Целта беше да се презентираат досегашните активности, како и идните планови во насока на договарање на заедничко делување.

Работилницата е во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“, која е дел од активностите на проектот „Застапување за обезбедување оддржливост на специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

 

Сподели

Со поддршка од