Проекција на филм и дебата со средношколци

Во СОТУ „Ѓорги Наумов“ – Битола беше оддржана проекција на филмот “Telling it how it is” и дебата на тема семејно насилство со ученици од средните училишта во Битола. Организатори на настанот беа НВО СЕМПЕР – Битола и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Оваа активност е во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“, која е дел од активностите на проектот „Застапување за обезбедување оддржливост на специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Кампањата „16 дена активизам“ е поддржана и од шведската фондација Квина тил Квина.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости