Работилница: Жената- жртва на насилство и семејно насилство, Истанбулска конвенција

Како локални партнери на проктот „ Со здружени напори – Кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базираното насилство“, Националната Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство и Хелсиншкиот Комитет за човекови права одржаа работилница на тема „Жената- жртва на насилство и семејно насилство- Истанбулска конвенција“ на 09.10.2014 во „клуб на Новинари“, Скопје.

Присутни на состанокот беа претставници од двете партнерски организации, од Националниот Совет за Родова Рамноправност, претставнички од локалните самоуправи од секторите за Социјална заштита и образование како и претсавнички од Меѓуопштинскиот Центар за Социјална Работа.

Одредбите од Истанбулската конвенција и потребата од соработка на надлежните институции со општините во делот на превенцијата беа презентирани од Елена Димушевска – извршна директорка на Националната мрежа за заштита од семејно насилство и насилство врз жени и Неда Чаловска – правна советничка во Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

По овие презнтации следеше дискусија и  споделување на искуства од страна на сите учесници, идентификување на недостатоци и потенцијалните области за унапредување на услугите како и можностите за идна зајакната соработка.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости