Промоција на публикација „Минимум стандарди за граѓански организации за адекватна заштита и квалитетни услуги на жените жртви на семејно насилство“

Македонски Центар за женски права-Шелтер Центар на ден 05.12.2013 година со почеток во 11:00 часот во хотел Порта, Скопје одржа тематска работна средба на тема „Минимум стандарди за граѓански организации за адекватна заштита на жените жртви на семејно насилство“.

Воведно обраќање покрај претставничките од МЦЖП – Шелтер центар Скопје имаа и претставничките од локалната канцеларија на UN Women во Скопје.

На настанот беа претставени  резултатите од спроведената анализа на услугите за жртви на семејно насилство и беше презентирана публикацијата со предлог минимум стандардите за граѓанскиот сектор кои се даватели на услуги за адекватна заштита и поддршка на жртвите на семејно насилство.

Претставничка од невладината организацијата ЕХО од Штип која обезбедува бесплатна правна помош за жртвите на семејно насилство ги претстави добрите практики од воведување на минимум стандарди за бесплатна правна помош. Публикацијата „Водич низ процесот на стадардизација на услугите за граѓанските организации кои обезбедуваат бесплатна правна помош за жртви на семејно насилство“ може да го симнете тука.

Конференцијата е завршен настан од проектот „Подобрување на квалитетот и достапноста на услугите на граѓанскиот сектор  наменети за жртвите на семејно насилство преку воспоставување на стандардизиран пристап и предлагање на минимум стандарди за адекватна заштита“.

Оваа иницијатива е поддржана од UN Women, во рамки на заеднички проект на UN Women и UNDP за превенција на семејно насилство, финансиран од Кралството Холандија, а целта е да се предложат минимум стандарди за адекватна заштита на жртвите на семејно насилство преку анализа на  постоечките услуги и сервиси кои се наменети за жените жртви на семејно насилство и развивање на предлог минимум стандарди за НВО кои нудат услуги за поддршка и заштита.

Публикацијата „Предлог минимум стандарди за граѓански организации за адекватна заштита на жените жртви на семејно насилство“ можете да ја симнете тука.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во