07.12.2015: Тркалезна маса „Начините на соработка на надлежните институции и здруженија за заштита и спречување од семејно насилство“

Здружението за еднакви можности „СЕМПЕР“ од Битола во соработка со Националната мрежа за борба против насилството врз жената и семејното насилство „Глас против насилството“ организираше тркалезна маса на тема „Начините на соработка на надлежните институции и здруженија за заштита и спречување од семејно насилство“ на 07.12.2012 год. во 11:30 часот во просториите на Локалната самоуправа.

Целта на тркалезната маса беше да се презентираат начините на соработка на надлежните институции и идентификување на проблемите со цел да се обезбеди поефикасна превенција од семејно насилство и заштита на жртвите од семејно насилство.

Тркалезната маса е во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“, која е дел од активностите на проектот „Застапување за обезбедување оддржливост на специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Кампањата „16 дена активизам“ е поддржана и од шведската фондација Квина тил Квина.

Сподели

Со поддршка од