„Заборавени“ форми на насилство врз жените и девојчињата – Присилна стерилизација и присилен абортус

Жените ширум светот се принудувани да подлегнат на процедура за перманентна и иреверзибилна стерилизација. Наспроти осудата на ваквиот чин, присилниот абортус и присилната стерилизацијата се случуваат до ден денес во Јужна Америка, Африка, Азија, но и во Европа. Сиромашните или стигматизираните жени се оние кои најчесто се жртви на ваквата пракса, бидејки се смета дека се „недостојни“ за да се репродуцираат. Чинителите на овој вид на насилство врз жените речиси никогаш не се осудувани, ниту изведени пред правдата. За жал, во некои земји како во Кина, оваа пракса е дел од владините стратегии за  регулирање на населеноста, односно пренаселеноста (владината неофицијална политика „Едно дете“)  .

Секоја стерилизација или абортус изведен без согласност, често и без знаење на мајката се смета за присилна стерилизација или абортус. Ваквите грозоморни чинови се сметаат за сериозно прекршување на човековите права, тортура, суров, нечовечки и деградирачки третман. Принудното одземање на женскиот репродуктивен потенцијал може да доведе до екстремна социјална изолација, напуштање од страна на семејството, страв од медицински персонал и третмани, како и долготрајна агонија.

Присилната стерилизација и абортусот се среќаваат во различни контексти. Сепак постојат бројни заеднички карактеристики на средините во кои овој вид на насилство е најзастапено :

–  Жените кои се најпогодени од овој тип на насилство, се припаднички на маргинализираните групи на општеството во кое живеат;

– Болниците или владините институции имаат слаби или непостоечки политики за информирање и согласност за процедурата, како механизам за заштита на пациентите;

–  Медицинскиот персонал, не е одговaра пред државата за етиката на чинот или прекршувањето на човековите права.

Жените кои припаѓаат на етничките малцинства, како на пример Ромките, се дури и експлицитно таргетирани од одредени држави. На пример, евидентирани се случаи во Чешка, Словачка и Унгарија во 2003, каде на жените ромки по породувањето им било соопштено дека им била направена стерилизација веднаш по породувањето без нивна согласност. Во другите случаи, биле информирани дека веднаш по породувањето ќе биде потребно да се направи стерилизација и биле принудувани да потпишат писмена согласност на јазици кои не ги разбираат, дури и кога се работело за неписмени жени, што се смета за измама.

Од друга страна, постојат податоци кои укажуваат дека стерилизацијата која оневозможува понатамошно забременување, никогаш не е итен медицински случај. Секогаш има, и треба да има време, за пациентките да бидат детално инфомирани за последиците од стерилизацијата. Во  Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената стојат јасни препораки, кои се однесуваат на постоење на минимален период од 7 дена,  од моментот на информирање на пациентката за природата и  последиците од стерилизацијата, потенцијалните ризици и достапните алтернативи до моментот на давање согласност.

Таргети на овој грозоморен чин од страна на државите  покрај  жените од етничките малцинства, се и жените од пониските социо- економски слоеви, жените со ментална или физичка попреченост и жените инфицирани со ХИВ вирусот.

Точниот број на случаи тешко може да се следи, бидејки постојат и жртви кои никогаш не зборуваат за ова трауматско искуство. Притајувањето е последица на срамот од неможноста за понатамошна репродукција, не познавањето на законите, медицинската етика и сопствените права. Голема е и бројката на оние кои никогаш не дознаваат дека подлегнале на стерилизација.

Присилниот абортус е распространет и во земјите каде особено се уважува машкиот пол на сметка на женскиот, како на пример во Кина, Индија, Пакистан и Југоисточна Европа. Во моментот кога ќе може да се види полот на детето се извршува присилниот абортус, доколку станува збор за плод од женски пол. Ова се нарекува селективен абортус или женски инфантицид, и се смета за форма на фемицид.

Текстот го подготви Мила Радоњиќ од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Оваа активност е дел од кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“ на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство,  а поддршана од Американската амбасада во Скопје. 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во