Работна средба со Клубот на пратенички

По предходно остварените контакти и комуникација со претседателката на Клубот на пратенички, г-ѓата Ѓулумсер Касапи, како и соработката и средбите со претседателките на  Форумот на жени/ Унија на жени во рамки на двете најголеми политички партии во Република Северна Македонија, беше организиран работен состанок  со цел презентирање на клучните наоди од анализата која ја подготви Националната мрежа.

Покрај наодите беше презентиран и Предлог моделот на реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на насилство.

На средбата се разговараше и за важноста од поскоро усвојување на предлог Законот за спречување и заштита од различни форми на насилство врз жени и семејно насилство, како и за заеднички активности на Клубот и Мрежата во рамки на претстојната кампања „16 дена активизам против насилство врз жените“. 

На работната среба пратеничките уште еднаш ја потврдија својата заложба за унапредување на заштитата на жените  жртви на насилство и дадоа поддршка на активностите кои Националната мрежа планира да ги спроведува во периодот кој следи.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во