07-08.12.2019: Работилница „Родова нееднаквост и Насилството врз жените – имплементација на Истанбулската Конвенција“

Во организација на пратеничката канцеларија во Берово, на пратеничката Јагода Шахпаска, а со поддршка на ОБСЕ беше организирана дводневна работилница на тема “Родова нееднаквост и насилство врз жените – имплементација на Истанбулската конвенција” . На работилницата беа присутни професионалци од ЦСР Берово, здравство, полиција, образование и Комисијата за еднакви можности при Советот на општина Берово. Работилницата ја водеше Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа. Покрај презентација на клучните членови од Истанбулската Конвенција, сесиите опфатија теми како основни концепти на родовата еднаквост, форми на насилство врз жените и девојчињата, митови и факти поврзани со насилството врз жените, национално законодавство и систем на заштита на жени и деца жртви на насилство, важноста на специјализирани сервиси за жртви на насилство, модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на насилство, како и улогата на професионалците во обезбедување на заштита на жените жртви на насилство.Исто така беше дискутирано и за обврските на локалната самоуправа предвидени во Националниот акциски план за имплементација на одредбите на Истанбулската Конвенција.

Сподели

Со поддршка од