Панел дискусија: Сексуално вознемирување на жени кои се занимаваат со рекреативен спорт

На ден 06.12.2019 година во Јавна Соба во Скопје Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во заедничко партнерство со ТАКТ – Скопје одржаа Панел дискусија на тема „Сексуално вознемирување на жени кои се занимаваат со рекреативен спорт“.

               Како панелистки на настанот беа поканети и говореа Бојана Јовановска-маратонка, Едина Муса-кошаркарка и фитнес инструкторка, Елена Зисовска-триатлтонка и Леана Таќи-триатлонка. Дел од панелистките се занимаваат само рекреативно со спорт, но дел се професионално ангажирани со некаков вид на спорт. Говорничките споделија свои и искуства на свои колешки спортистки со кои предизвици се соочуваат од моментот кога планираат да ја започната својата пракса за спортување, подготовките, што да облечат, што да носат со себе, дали да излезат сами да спортуваат или да имаат придружба (другар/ка, куче), па се до моментот каде да излезат, дали е осветлено, дали е прометно. Понатаму ги споделија своите искуства со што се се соочуваат за време на спортувањето, недолични дофрлања, демнење(од едно или повеќе лица), грабање за делови од телото.

               Темата на сексуално насилство и сексуално вознемирување врз жените не е доволно актуелизирана во нашата држава, иако глобалните истражувањата покажуваат дека секоја 5 жена била изложена на некаква форма на сексуално насилство и сексуално вознемирување во својот живот. Во однос на жените кои практикуваат некаков вид на спорт, професионално или рекреативно, нема детални истражувања кои ги опфаќаат сите видови на спортови, но податоците на Runners world покажуваат дека дури 43% од жените кои трчаат биле жртви на сексуално вознемирување во споредба со 4% од мажите кои трчаат.

               Во Република Северна Македонија не е спроведено ниедно истражување на оваа тема, ниту пак постои соодветна законска регулатива и систем на заштита за жените кои  практикуваат спорт и се жртви на сексуално вознемирување.

               Во текот на дискусијата голем број од присутните ги споделија своите лични и на нивни блиски искуствата додека практикувале рекреативно спортување и заедничка констатација на присутните беше дека сексуалното насилство и сексуалното вознемирување е секојдневно присутно. Загрижува податокот дека неговото пријавување е минимално и рекреативните спортистки во многу мал број го пријавуваат истото до надлежни полициски службеници.  Ставот е дека полицијата нема да изреагира соодветно и професионално, и дури може да бидат изложени на потсмев и минимизирање на насилниот инцидент кој го пријавуваат.

               Од дискусијата произлегоа препораки во насока на намалување и целосно сусзбивање на сексуалното вознемирување кон жените кои практикуваат спорт независно дали се занимаваат професионално или рекреативно. Имено, основната цел е жените кои сакаат да се занимаваат со спорт, рекреативно или професионално, да не бидат во постојан страв како да се заштитат.

               Една од препораките се однесуваше на воведување на едукација уште од најмала возраст, предучилишна, како и  во основните и средните училишта за формите на сексуално насилство и сексуално вознемирување, како и едукација за поттикнување на младите девојчиња да спортуваат. Следната препорака се однесуваше на креирање и усвојување на документи/правилници во рамки на Агенцијата за млади и спорт, во кои ќе биде регулирано превенцијата и заштитата од сексуалното насилство и сексуалното вознемирување во спортските клубови, кои пак ќе бидат обврзани да го почитуват и спроведувуват.  Имено, секој спортски клуб ќе мора доследно да ги спроведува овие документи и да ангажира лице од доверба кое ќе работи со спортистите од двата пола во насока на препознавање и сусзбивање на сексуалното насилство. Во однос на заштита од сексуално вознемирување и сексуално насилство беа споделени корисни алатки од Runners World апликацијата за заштита на жените кои спортуваат,  и исто така беа дадени препораки во насока на поголемо осветлување на местата каде се практицира рекреативното спортување (кеј, паркови, спортски терени) како и зголемено присуство на полициски службеници на тие места.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во