Панел дискусија на тема „Предлог модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство“

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во партнерство со Женска граѓанска иницијатива КЛЕА од Битола и женските организации (Форуми и Унии) во рамки на политичките партии на 5-ти декември одржа Панел дискусија на тема „Предлог модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство” во Салата на Советот на општина Битола.

На панел дискусијата говорничките ги разгледуваа и дискутираа законските можности за инкорпорирање на Моделот за реинтеграција и рехабилитацијана национално ниво. Говорнички на настанот беа: Претседателка на општински форум на жени  на СДСМ – Татјана Крнчева, Претседателка на општинска унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ – Наташа Бајовска и Претседателка на општински форум на независна листа ПОИНАКУ – Габриела Илиевска.

Последното истражување на ОБСЕ, кое беше спроведено во текот на 2018 година, на балканскиот регион, ја опфати и Република Северна Македонија. Клучните наоди на истражувањето истакнуваат дека 60% од жртвите на насилство од својот партнер биле контролирани од сторителот, немале никаков или имале контролиран пристап до финансии и нивните деца биле користени како средства за уцена за жената да не го напушти партнерот. Од сите испитани жени, 1 од 5 или 19% се жртви на економско насилство од партнерот. Жените кои трпеле семејно насилство во минатото, а не биле во можност да обезбедат живеалиште и храна за себе и нивните деца и поради тоа не ја напуштиле насилната средина, во последните 12 месеци, повторно се соочуваат со повеќе форми на насилство (42%). Економската нестабилност на жените жртви на семејно насилство е препознаена како една од главните причини за останување во насилство, но и еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат жените жртви откако ќе ја напуштаат насилната средина.

Со оглед на различните економски околности во Република Македонија, потребно е да се изготват мерки и политики, со кои жените кои претрпеле насилство, а се економски зависни од сторителот на насилството, да можат полесно да донесат одлука за напуштање и да го поминат процесот на реинтеграција во општеството.

За таа цел, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство подготви Предлог модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство која произлезе како потреба по спроведената „Анализа на економски предизвици со кои се соочуваат жените жртви на семејно насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина“.

Претходно, на 02.12.2019 година беше одржана иста панел дискусија во партнерство со Организација на жени на Општина Велес и женските организации (Форуми и Унии) во рамки на политичките партии во ресторан Глориус во Велес. На панел-дискусијата присуствуаа голем број на преставници од релевантни институции (Центар за социјални работи-Велес, Одделение за вработување на ггад Велес, Инспектори од Министерство за внатрешни работи-ПО Велес). Говорнички на панел дискусијата беа: Весна Атанасовска – Претседателка на општинска унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ , Зорица Коцева-Претставничка на општински форум на жени  на СДСМ и Ефтимија Кардева Лукарова – потпретседателка на општинска организација на жени на ЛДП, кои ги споделија своите позитивни ставови поврзани со моделот и се дискутираше за законските можности за негова инкорпорација.

                          

                       

       

                         

                        

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во