05.12.2015: Tрoдневна работилница „Изработка на програма за спречување и заштита од семејно насилство“ – Полошки плански регион

Во рамките на активностите на проектот на Националната мрежа „Застапување за обезбедување на одржливост на специјализираните сервиси за жртви на семејно насилство на територијата на Република Македонија “ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, планирани се три тродневни работилници за три плански региони: Полошки, Вардарски и Скопски. Овие работилници се со цел изработка на програми за спречување и заштита од семејно насилство на регионално ниво, кои потоа ќе се доработат во програми на локално ниво, за секоја општина.

Во декември 2015, од 2ри до 4ти, беше одржана првата тридневна работилница „Изработка на програма за спречување и заштита од семејно насилство“ во хотел “Бистра”, во Маврово наменета за претставници од општините и другите релевантни чинители во Полошки регион. Како краен продукт беше изработена Регионална програма за спречување и заштита од семејно насилство која ќе биде основа за финализирање на програми за секоја општина посебно. Покрај присутните претставници од општините и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, на работилнницата свој придонес дадоа и партнерските организации кои раководат со специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство (советувалишен центар, СОС линија, кризен центар, шелтер центар и бесплатна правна помош). Од оваа работилница, произлегоа идеи за обезбедување на регионален пакет на специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство, поради тоа што на територијата на овој регион, од сите горенаведени сервиси, функционира само бесплатната правна помош, која ја нуди Женски Форум, Тетово.

Сподели

Со поддршка од