Тренинзи за врснички едукатори на тема „Родова демократија“

Проектот на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Од Родова Нееднаквост до Родова Демократија“ започна со имплементација во Септември 2014 и ќе трае до Мај 2015.

Овој проект е поддржан од Schuller Helfen Leben, Германија. Во склоп на проектните активности, тековно се одржаа тренинзи за врснички едукатори на тема „Родова Демократија“ кои опфатија 60 тина млади, студенти и средношколци. Истовремено се изработува и прирачник за врснички едукатори наменет да им послужи на идните врснички едукатори како корисна алатка во спроведувањето на врснички едукации на оваа тема. Главните цели на овој проект се подигнувањето на свеста за родовата нееднаквост во македонското општество, унапредувањето на знаењата на оваа проблематика кај младите, поттикнувањето на младинскиот активизам како и приближување на методот врсничка едукација како современа и моќна алатка.

Во текот на Јануари и Февруари беа одржани 3 тродневни тренинзи на тема “Родова демократија”. На овие тренинзи беа опфатени средношколци и студенти. Учесниците се од различни градови како : Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Прилеп, Радовиш, Штип, Македонски Брод, Струмица, Куманово и Велес. И средношколците и студентите во речиси подеднаков број ги изучуваат општествените науки како и техничките. Имено, учесници на тренинзите беа студенти од Филозофкиот Факултет, Институтите за Психологија, Педагогија, Родови студии и Социјална работа и политика, од Правен и Економски факултет, Медицински факултет, Филолошки факулет како и студенти на ФИНКИ. Тренинзите беа одржани во хотел “Етно село-Тимчевски”, во Куманово, и во хотел “Еуро хотел Градче”, Кочани.

Со програмата опфатена со тренинзите младите се стекнаа со теоретски знаења од областа на родово базирано насилство вклучувајќи го и семејното насилство и последиците од овие две негативни појави, потоа, насилни партнерски врски, родова дискриминација и родови предрасуди и нивните ефекти,наспроти родовата демократија како и теоретски и практични сознанија од комуникациски и презентациски вештини и врсничка едукација.

Во тек е реализација на работилници од страна на средношколците и студентите на тема “Родова демократија”. Досега се одржани неколку работилници во различни градови, во младински клубови и здруженија како и во неколку средни училишта. На дел од овие работилници низ дискусии, дебати и вежби беа обработени теми од Род и пол, Родова социјализација и родови улоги , Семејно насилство, Дискриминација- моќ, привилегија и еднаквост, Форми на РБН, Родови стереотипи, предрасуди и дискриминација.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во