03.11.2020: Одлука на СЕММ за жалба на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Советот за етика во медиумите на Македонија ја прифати жалбата која Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство ја поднесе во врска со текстот „Вработена во МВР се сликала полугола во полициска униформа, внатрешна контрола ѝ отвори дисциплинска“, објавен на порталот А1он.мк, поради повреда на новинарските стандарди за почитување на приватноста и застапеноста на втората страна.

Во образложението на Одлуката на Советот за етика во медумите се наведува: „личниот живот на службеничката, која не е ниту избран, ниту именуван функционер, ниту политичка личност, не може да се смета за јавен интерес за да преовладува над приватниот интерес. Правото на јавноста да го знае идентитетот на службеното лице не преовладува над правото на личноста да ја заштити својата приватност. Објавувањето на идентитетот, во случајов, не е релевантно за јавноста, ниту е причина да се поттикне јавна дебата на конкретна тема. Постои голема разлика помеѓу она што може да побуди интерес и љубопитност кај публиката и она што е од јавен интерес. Затоа, медиумите треба внимателно да одмерат колку објавените информации го оправдуваат навлегувањето во нечија приватност, особено ако таквите податоци можат да предизвикаат опасност од стигматизација на поединецот и на неговото потесно опкружување.“

Според Одлуката на СЕММ, прекршени се членовите 1 и 7 на Кодексот на новинарите на Македонија:

Член 1: „Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.“

Член 7: „Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.“

Но, во исто време, не се пронајдени доволно елементи за да се констатира говор на омраза или дискриминација.

Одлуката во целост е достапна тука.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во