Регионален форум со кандидат(к)и за градоначалници во Скопски регион

На 4. Октомври 2017 г. (среда), во хотел „Холидеј ин“ – Скопје, се одржа Регионална средба со кандидат(к)и за градоначалници и носител(к)и на советнички листи за Скопскиот регион, во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Здружението на еднородителски семејства „Една Може“.

Целта на средбата беше претставување на потребата од преземање на конкретни мерки на локално ниво и обезбедување на средства од локалната самоуправа за унапредување на пристапот до сервиси за жените и децата жртви на насилство. За таа цел, беше подготвена Јавна заложба за Унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство, која кандидат(к)ите за градоначалници беа поканети да ја потпишат, како значаен чекор кон унапредување на системската заштита на жените и девојчињата од сите видови насилство.

Од вкупно 62 кандидати и кандидатки во 18 општини Јавна заложба за унапредување на заштитата на жените и децата жртви на насилство беше потпишана од 21 кандидат/ка за градоначалник во Скопски регион. 

Кандидати за градоначалници кои ја потпишаа Јавната заложба во Скопски регион:

  • Марија Јонес (Левица) – Град Скопје
  • Нафие Селмани (БЕСА) – Град Скопје
  • Коце Трајановски (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Град Скопје
  • Петре Шилегов (Коалиција предводена од СДСМ) – Град Скопје
  • Златко Марин (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Аеродром
  • Ивица Коневски (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Аеродром
  • Велимир Смилевски (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Бутел
  • Борис Георгиевски (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Гази Баба
  • Тони Трајковски (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Гази Баба
  • Александар Наумоски (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Ѓорче Петров
  • Александар Маневски (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Зелениково
  • Мартина Ивковска (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Илинден
  • Јохан Тарчуловски (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Кисела Вода
  • Филип Темелковски (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Кисела Вода
  • Борче Митевски (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Петровец
  • Стефче Трпковски (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Сопиште
  • Нермин Теловска (Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ) – Општина Чаир
  • Александар Митров (Левица) – Општина Центар
  • Дејан Јовановски (Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ) – Општина Центар
  • Саша Богдановиќ (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Центар
  • Курто Дудуш (Коалиција предводена од СДСМ) – Општина Шуто Оризари

Ниту еден од кандидатите за градоначалници од општините: Арачиново, Карпош, Сарај, Студеничани и Чучер Сандево не ја потпиша Јавната заложба.

Пред средбата, на сите кандидат(к)и им беше испратено Јавно барање и Предлог политика за воспоставување на пакет на специјализирани сервиси во рамки на еден плански регион. За одржувањето на Регионалната средба и потпишувањето на Јавната заложба беа известени сите кандидат(к)и за градоначалници и носител(к)и на советнички листи, преку медиумите, по електронски пат и преку нивните политички партии.

Јавна заложба на македонски и албански.

Агенда

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во