03.12.2019: Отворено писмо на Платформата за родова еднаквост до Агенција за млади и спорт, Асоцијација на спортски новинари и Македонски олимписки комитет

Платформата за родова еднаквост ги повикува Агенција за млади и спорт, Асоцијацијата на спортски новинари и Македонскиот олимписки комитет кои беа организатори на конференцијата на тема „Спортот за државата, државата во спортот“, која се одржа на 27.11.2019 во Владата на Р. Северна Македонија, да се заложат за еднаква застапеност и родова балансираност помеѓу учесниците на ваков тип на конференции на кои се расправа за прашања кои ги засегаат сите, вклучувајќи ја и женската популација во државата.

Платформата за родова еднаквост ги повикува Агенција за млади и спорт, Асоцијацијата на спортски новинари и Македонскиот олимписки комитет кои беа организатори на конференцијата на тема „Спортот за државата, државата во спортот“, која се одржа на 27.11.2019 во Владата на Р. Северна Македонија, да се заложат за еднаква застапеност и родова балансираност помеѓу учесниците на ваков тип на конференции на кои се расправа за прашања кои ги засегаат сите, вклучувајќи ја и женската популација во државата.

Родовата дискриминација во спортскиот сектор е појава која е широко распространета и особено е видлив трендот на невклучување на жените во процесите на донесување на одлуки и/или невклученост во дискусии и расправи на кои се дебатираат прашања од приоритетен карактер.

Агенцијата за млади и спорт, Асоцијацијата на спортски новинари и Македонскиот олимписки комитет при организација на конференција на која се дискутираат механизми за елиминација на девијантни појави во спортот како допингот, хулиганството и насилството, ги занемаруваат сексизмот и родовата дискриминација како сеприсутни во спортскиот сектор и појави кои негативно влијаат на развојот на спортот.

Понатаму, разговарајќи за унапредување на спортските политики и интензивирање на соработката помеѓу различни институции со цел да се промовира инклузија, несфатливо е како истата ќе се унапреди доколку во самиот процес подеднакво не се вклучени и спортистките и жените кои делуваат во спортскиот сектор.

Имено, според најновото истражување од Министерството за труд и социјална политика и Државниот завод за статистика на Р. Северна Македонија, „Индекс на родова еднаквост“,во поддоменот Општествена моќ, најголемиот родов јаз е кај индикаторот што го мери учеството на жените и мажите во управни тела на национални олимписки организации, и тојизнесува поразителни 8.9 %.

Оттаму, институциите надлежни за спорт треба да настојуваат да развиваат програми и политики кои ќе целат кон поголема репрезентативност на жените во управувачките тела и на раководни функции во спортските федерации, клубови, комитети и други организации кои делуваат во спортскиот сектор.

Во меѓувреме, децидно бараме во дискусиите и на јавните настани да има еднаква застапеност на жени кои делуваат во спортскиот сектор со цел да партиципираат и придонесат кон донесување на одлуки кои ќе бидат во интерес на сите, со тоа и во рамноправното застапување на интересите на сите граѓани во земјата.

Сметаме дека политиките за спортот не смеат да се носат во отсуство на спортистките, спортските новинарки и спортистките ветеранки, како и сите останати кои делуваат во спортскиот сектор. Напротив, сметаме дека се додека не постои родова еднаквост и еднаков пристап, нема да има траен и системски развој и унапредување на спортот во Р. Северна Македонија.

Писмото е достапно тука.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во