Предавање на тема „Насилство врз жени и семејно насилство: Форми и состојба во Република Македонија“

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во соработка со Институтот за семејни студии во рамки на Филозофскиот факултет во Скопје, на 3 декември со почеток во 15:30 часот оддржа предавање на тема „Насилството врз жените и семејното насилство – Форми и состојби во Република Македонија“. Предавачи беа Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство која говореше за формите на семејно насилство, специјализирани сервиси за жртви раководени од невлладини организации  и инситуционална заштита,  и Благородна Шопова од Национален совет за родова рамноправност која ги претстави различните форми на насилство на кои жените може да бидат изложени, како и препораките на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита и борба против насилство врз жени и семејно насилство.

Предавањето е во рамки на кампањата  „16 дена активизам против насилство врз жени“ која е дел од активностите на проектот „Застапување за обезбедување оддржливост на специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Кампањата „16 дена активизам“ е поддржана и од шведската фондација Квина тил Квина.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости