03.10 2014: Регионална работилница „Подобрување на заштитата на жртвите и гонењето на сторителите на родово базирано насилство и домашно насилство“

На 30.09. и 01.10.2014, во Тцц Гранд Плаза во Скопје, UN Women и UNDP во соработка со Националниот совет за родова рамноправност одржаa регионална работилница на тема „Подобрување на заштитата на жртвите и гонењето на сторителите на родово базирано насилство и домашно насилство“

Оваа работилница  беше организирана со  цел да ги сплоти напорите на Агенциите на ОН во земјата и граѓанскиот сектор во обезбедување на поддршка и застапување за подобрување на националниот одговор за елиминирање на насилството врз жените и домашното насилство.

Работилницата е поддршка за напорите на НСРР и партнерските организации во застапувањето за ратификација на Конвенцијата, во рамки на проектот „Заеднички напори – Кон новите европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство”.

Овде можете да ја превземете базичната студија која беше презентирана на работилницата  “Анализа на усогласеноста на законодавството на Република Македонија со Конвенцијата на советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашно насилство“

Сподели

Со поддршка од