03 – 08.11.2019: Недела за застапување во Брисел

Со поддршка и партнерство на Фондацијата Квина тил Квина и женските граѓански организации од Западен Балкан (Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија) оваа година од 03-08 ноември во Брисел-Кралството Белгија се реализираа состаноци за застапување пред релевантни меѓународни тела за подобрување и унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Еден од најзначајните состаноци беше одржан во Европската Комисија-Генералниот Директорат за проширување и соседство, со одговорното лице за Северна Македонија и Косово г-ѓа Евиола Прифти на кој состанок се водеа разговори за моменталната ситуација во Државата поврзани со насилство врз жените, семејното насилство како и достапноста на услугите кои ги дава Државата. На состаноците им претходеа неколку месечни подготовки за заедничко делување на сите партнер организации од Западен Балкан каде се истакнуваат основните проблеми кои се заеднички за сите држави аспиранти за пристапување во Европска Унија и застапувањето се прави во интерес на сите организации независно која партнерска организација го води состанокот.

Сподели

Со поддршка од