03.02.2020:Конкурс за ангажирање на Менаџерка на куќа

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Конкурс за ангажирање на Менаџерка на Куќа за отворено домување за жени жртви на семејно насилство:

Кандидатките треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

– универзитетска диплома од областа на социјална работа/ социјална политика или психологија;

– најмалку 2 години работно искуство со жени и деца жртви на родово базирано насилство и семејно насилство;

– најмалку 2 години искуство во граѓански сектор;

– добро познавање на системот за социјална заштита;

– одлично познавање на македонски и англиски јазик;

 Предност ќе имаат кандидатките кои:

– имаат практично искуство во работа со сервис наменет за жртви на родово базирано насилство и семејно насилство (вклучително и деца);

– добро изградени организациски и комуникациски вештини;

– кандидатки кои се динамични и самоиницијативи;

–  работа со програми на Microsoft Office (word, excel, PowerPoint);

Опис на ангажманот:

Кандидатката која ќе биде ангажирана ќе ја менаџира Куќата за отворено домување каде ќе домуваат жени жртви на семејно насилство и нивните деца. Кандидатката ќе биде одговорна за водење на случаите на корисничките кои се сместени во куќата, советување за остварување на социјални права согласно системот на социјална заштита на Р. Северна Македонија, поврзување со други општи и специјализирани сервиси за жртви на родово базирано насилство и семејно насилство, придружба на корисничките до надлежни институции и поврзување на корисничките со мерките за вработување на Агенција за вработување на Р. Северна Македонија. Ангажманот предвидува работно време од 08.00/09.00-16.00/17.00 секој работен ден, со паричен надоместок од 30.000 МКД во бруто износ.

Најдоцна до 16.30 часот на 10 февруари 2020 година (недела), заинтересираните кандидатки треба да достават:

– скенирана копија од дипломата за завршено образование

– кратка биографија

– најмалку една препорака од претходните работни места

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за Менаџерка на куќа за отворено домување за жени жртви на семејно насилство “ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

Сподели

Со поддршка од