Промоција на Прирачник за родова демократија за врснички едукатори

На 30 април во Клуб на новинари во Скопје, беше оддржана промоција на „Прирачник за родова демократија за врснички едукатори“ која е последна активност од проектот „Од родова нееднаквост до родова демократија“. Прирачникот е  достапен на македонски,  албански и англиски јазик.

Координаторот на проектниот тим ги претстави проектните активности и цели. Понатаму беше претставена содржината на прирачникот и процесот на изработка во кој беа вклучени студенти и средношколци кои имаа можност да ја разгледаат драфт верзијата и со своите коментари и сугестии да придонесат за унапредување на истата, односно да придонесат кон изработка на прирачник кој ќе биде разбирлив и употреблив за целната група. Тренерите ги споделија своите впечатоци од тренинзите и дадоа препораки за идна работа. Збор земаа и двајца учесници од тренинзите кои говореа за искуството и знаењата кои ги стекнале на тренинзите, како и за спремноста за одржување врснички едукација на темата родова демократија.

Целта на овој прирачник како и целта на проектот, се подигнување на свесноста и знаењето кај младите во Македонија на темата родова демократија. Тематски прирачникот опфаќа подрачја од родово базираното насилство и родовата дискриминација преку младинскиот активизам до родовата демократија. Прирачникот се состои од два дела: теоретски, во кој се дефинирани и објаснети поимите поврзани со проблемаатиката, и практичен дел, односно детално разработени едуактивни работилници со инструкции за нивно спроведување.

На промоцијата присуствуваа преставници од членките на мрежата, претставници од граѓански организации со кои мрежата соработува, како и голем број од учесниците на тренинзите- идните врснички едукатори.

Проектот е поддржан од Schuller Helfen Leben, Германија.

Публикацијата може да ја симнете тука на македонски , албански и англиски јазик.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости