Локалните женски организации застапуваат за воспоставување на сервиси за реинтеграција на жени жртви на семејно насилство

Во текот на 2021г., како и во изминатите 2 години, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство заедно со 6 женски граѓански организации од регионот, продолжува интензивно да работи на воспоставување на услуги за реинтеграција на жени жртви на насилство и семејно насилство на локално ниво.

Во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА), Мрежата оваа година, преку процес на суб-грантирање обезбеди поддршка за 8 локални женски организации: Семпер Битола, ЖГИ Клеа, Организација на жени на Општина Велес, Организација на жени на општина Свети Николе, Женска Акција Радовиш, Скај Плус Струмица, Визија Кавадарци и Кортекс Тетово. Овие организации ќе работат во Битола, Прилеп, Велес, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Кавадарци и Тетово.

Реинтеграцијата и рехабилитацијата на жените кои преживеале насилство и ја напуштиле насилната средина е клучен процес за нивно целосно јакнење и независност, невраќање кај насилникот или повторно влегување во насилна врска поради економска зависност. Со воспоставување на локални услуги за реинтеграција се спречува идното насилство врз жени и деца, а тие излегуваат од улогата на жртва и стануваат активни чинители во сите општествени процеси.

Услугите за реинтеграција опфаќаат безбедно поддржано домување, долготрајна финансиска поддршка, економско јакнење и кариерно советување, психосоцијално советување и третман, како и унапредување на образованието и стекнување нови вештини. Клучната улога на реинтеграцијата ја потврдува и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство во Член 99, кој предвидува креирање на Програма за реинтеграција на жени жртви на насилство и семејно насилство.

Активностите кои ќе се спроведуваат локално во 8 градови низ С. Македонија опфаќаат Процената на потребите на жени жртви на локално ниво, креирање локални Програми за реинтеграција на жени жртви и застапување со надлежните институции за алокација на финансии и воспоставање на услуги за реинтеграција.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во